More

    Милионски штети на полињата со лаванда, се виновни – гасеници!

    spot_img

    Гасениците можеби предизвикаа загуби од милиони долари во посевите за француските одгледувачи на лаванда оваа година, според земјоделското здружение кое ја повика владата на помош.

    -„Десетици и десетици хектари не се ожнеа бидејќи не вредеше. Ништо не остана“, изјави Ален Аубанел, раководител на Здружението за парфеми, ароми и лековити растенија PPAM, со седиште во Маноски во јужна Франција.

    Земјоделците во некои случаи изгубија 90 отсто од жетвата, изјави тој за ДПА.

    Загубата ја проценуваме на неколку милиони евра, рече тој. Од Министерството за земјоделство штетите ги оценија како големи.

    Се вели дека виновниците се гасеници кои пристигнале во Франција со жешкиот ветер од Северна Африка, а потоа ги изеле стеблата на лавандата и предизвикале сушење на растенијата.

    Наместо виолетова, полињата со лаванда, кои се популарни и како дестинации за одмор и мотиви со разгледници, ова лето се сиво-кафеави.

    Главно се погодени департманите Алпи-де-Горна Прованса, Воклуз и Дром – а особено традиционалните области за одгледување во планините, што значи токму областите каде што земјоделците тешко можат да одгледуваат нешто друго, вели Обанел.

    Тоа што многу повеќе се погодени планинските обработливи површини се должи на тоа што таму жетвата почна подоцна.

    Аубанел проценува дека најмалку 50 проценти од посевите се изгубени од штетната гасеница во планинската област на регионот Дром.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img