Новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, веќе ја резервираше својата прва официјална дестинација

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, веќе ја резервираше својата прва официјална дестинација. Таа ќе патува во Рим на чествувањето на 24-ти мај за светите браќа Кирил и Методиј.

На 23-ти мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а на 24-ти ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со колегата Серџо Матарела. Нема информација дали ќе се сретне и со бугарскиот колега Румен Радев, пракса која се воспостави по потпишувањето на договорот за добрососедство.

Share This Article