Новата премиерка победи во тесна трка со сопартиецот Риши Сунак

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Готово е. Лиз Трас со над 80.000 гласови победи во трката за лидерство на Конзервативната партија против милијардерот Риши Сунак кој доби 60.399 во тесната трка. Утре таа ќе стане премиерка кога ќе ја посети кралицата во Балморал која ќе ја покани да ја формира нејзината влада во Велика Британија. Излезноста на партиските избори била одлична, 82,6 отстос, вели Сер Греам Брејди кој ги објави резултатите, пишува Би-Би-Си.

Со свежина на лицето крај големите овации Трас се обрати пред аудиториумот на Центарот на Кралицата Елизабета Втора. Таа ѝ се заблагодари на партијата за „организирањето на едно од најдолгите интервјуа за работа во историјата“, како и на нејзините поддржувачи. Таа вели дека кампањата била „напорна“ и ја покажала „длабочината и широчината на талентот“ во партијата. Лиз Трас продолжува да им оддава почит на другите кандидати за лидерска трка на ториевците, особено на Риши Сунак.

фото: твитер/принтскрин

Трас потоа му се заблагодари на Борис Џонсон што му се спротивстави на Владимир Путин, што го заврши Брегзит, што ја промовираше вакцината против ковид и што „го скрши Џереми Корбин“.

Новата премиерка на аудиториумот рече дека знае дека верувањата на ториевците, кои се англиска десница, одекнуваат кај Британците. Трас вели дека ова ги вклучува слободата и способноста да го контролираат сопствениот живот, како и ниските даноци.

Трас вели дека има храбар план да ги намали даноците. Лиз Трас вети дека ќе ги исполни нејзините ветувања до гласачите, велејќи дека партијата на Ториевците треба да покаже дека може да ги исполни во следните две години.

За преовладувачкото прашање за зголемените сметки за енергија, таа вели дека ќе „испорача“ кога станува збор за кризата и дека не само што ќе се занимава со сметките, туку и со долгорочните проблеми со снабдувањето.

– Ќе испорачаме, ќе испорачаме, ќе испорачаме – заклучува Трас – додавајќи дека партијата ќе ги победи лабуристите на општите избори во 2024 година.

Новата британска премиерка Лиз Трас на Твитер напиша дека е почестена што е избрана за лидер.

„Ви благодарам што ја укажавте довербата во мене“.

- Advertisement -
Ad image

Ова беше тесна победа, многу потесна отколку што некои луѓе очекуваа.

Околу 57 отсто од важечките гласови беа за Лиз Трас. Излезноста беше исто така прилично висока, со 82,6 отсто од членовите кои гласаа, а 654 беа одбиени, веројатно биле погрешно пополнети.

За споредба, Борис Џонсон освои 66,4 отсто од гласовите во 2019 година, Дејвид Камерон 67,6 отсто во 2005 година и Иен Данкан Смит 60,7 отсто во 2001 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article