More

    Ситуацијата е вонредна, мостот Антоновски постојано е под гранати

    spot_img

    Прорускиот претставник во украинската областа Херсон, Кирил Стремоусов денеска изјави дека референдумот за присоединување кон Русија е одложен поради безбедносната ситуација. Според него важниот мост Антоновски, кој е на реката Дњепар во близина на градот Херсон, повеќе не може да се помине поради неколкунеделното гранатирање од страна на украинските сили.

    Украина минатата недела објави дека почнала контраофанзива за повторно заземање на регионот Херсон, што од март е под контрола на руските сили.

    Претходно, официјален Киев соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле две места во областа Херсон.

    Украинските сили денеска соопштија дека во рамки на контраофанзивата во јужниот дел на земјата уништиле складиште за муниција и понтонски мост и зазеле неколку локации.

    „Уништено е складиште за непријателска муниција во близина на локацијата Томина Балка западно од градот Херсон, како и понтонски мост кај селото Лавов и контролен центар на руската армија југоисточно од Херсон“, соопшти преку Фејсбук јужната команда на украинската армија.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа најави преземање на „две локации на југот и една на исток“, без да се прецизира за кои места станува збор.

    Претставникот на претседателската администрација, Кирило Тимошенко, изјави дека украинското знаме се вее во селото Високопилија во северниот дел на областа Херсон која речиси целосно е под контрола на руските сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img