Новата девојка на Круз Бекам (19), најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам, Џеки Апостел (29), на социјалните мрежи сподели шокантна фотографија од лузна која се протега низ целиот нејзин грб. Таа откри дека била подложена на тешка операција по која морала повторно да научи да оди.
Џеки, која е пејачка и кантавторка на својата инстаграм-приказна објави фотографија од лузната, но не сподели детали за операцијата.
„Неверојатно е да се помисли дека пред три месеци повторно учев да одам и не можев да станам. Тешко ми беше физички и психички, ми требаше долго време повторно да бидам во ред самата со себе, особено околу работата и пишувањето. Нашите тела се неверојатни и способни за толку многу. Одвојте момент да бидете благодарни за сопствената сила на волјата. Сите знаеме дека е во ред да не се биде добро цело време и се надевам дека сите многу се грижат за себе и одвојуваат моменти за менталното и физичкото здравје. Исто така, проверете ги своите пријатели. На сите им испраќам здравје, прегратки и љубов“, порачала таа во објавата.
Која е Џеки? Нејзините родители се по потекло од Германија и Бразил, а Џеки досега живеела во двете земји. На пијано почнала да свири на две години, а сега пишува песни на англиски и португалски. Таа беше членка на женската група „Schutz“.
Инаку, не се познати многу детали за врската на Џеки и Круз, но се верува дека тие се заедно од јуни оваа година. На Модната недела во Париз тие беа видени во друштво на целото семејство Бекам. Џеки по Модната ревија и честиташе на Викторија Бекам.
„Најубавата ревија и најубавиот фустан. Честитки“, напиша таа покрај фотографиите од фустанот што го носеше на Модната недела.