Хрватската тенисерка Борна Ќориќ во неделата постигна успех во кариерата победувајќи на турнирот Мастерс 1000 во Синсинати.
Стана најслабо рангираниот тенисер (АТП – 152.) кој го освоил Мастерсот 1000, а победата му донесе скок од 123 позиции и сега е 29. играч во светот.
Многубројни колеги од светот на тенисот го контактираа и му честитаа за ова достигнување, а сега се огласи и Новак Ѓоковиќ.
Победникот на 21 грен слем турнир во кариерата испрати порака до десет години помладиот колега. „Браво, царе! Сосема заслужено! Целиот труд и трпение се исплатеа. Само напред и со среќа“, напиша Ѓоковиќ на својата порака на Инстаграм до Борна Ќориќ.
Новак Ѓоковиќ моментално е во Белград каде што тренира и се надева дека во последен момент би можел да добие дозвола за настап на УС Опен.