Новак Ѓоковиќ не е задоволен од стартот на Австралија Опен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новак Ѓоковиќ никогаш не загубил сет во првите две кола на Австралија Опен. Но годинава имаше тешки два меча на стартот од Австралија опен, загуби по сет од Дино Прижмиќ и Алексеј Попирин во навистина големи битки.

По вториот дуел, новинарите го прашаа српскиот ас што е причината за осцилациите во негоата игра, дали е во прашање болеста или проблемите со зглобот.

„Има помалку од сѐ. Не сум баш во идеална состојба, што влијае на интензитетот на мојата игра, а донекаде и на мојата мотивација. Се обидувам да го најдам вистинското јас, и покрај сите тешкотии – здравствени, технички, играчки. Така е сега, и далеку од тоа дека не се жалам, тоа се околностите во кои се наоѓам, ги прифаќам и се трудам да го извлечам најдоброто од себе – рече Ѓоковиќ.

Во третиот сет, Попирин имаше четири сет-топки, од кои три во низа, за водство од 2:1 во сетови.

-Уште еднаш имав противник кој играше одличен тенис, немаше многу да загуби, точно знаеше што да прави тактички, имаше голема поддршка од публиката – и овие фактори влијаеа на мене. Апсолутно можев да играм подобро, не сум ни блиску до моето препознатливо ниво на игра во моментов – барем овде на Австралија опен – заклучи српскиот тенисер.

Во третото коло на Австралија Опен, Ѓоковиќ ќе игра против Томаш Ечевери.

Share This Article