Новак Ѓоковиќ на крајот ќе ја започне новата сезона во последните денови од годината, официјално беше потврдено во вторникот вечерта.
Најдобриот тенисер во историјата јасно стави до знаење дека Грен слем титулите во 2025 година се негов приоритет, а пред да започне со потерата по трофејот на Австралија Опен, ќе учествува на турнирот од серијата 250 во Бризбејн, пишува СпортКлуб.
Споменатиот турнир ќе се одржи од 29 декември до 5 јануари 2025 година, а титулата ќе ја брани Григор Димитров.
Интересно е што Ѓоковиќ никогаш не славел во Бризбејн.
На турнирот ќе учествуваат и Матео Беретини, Холгер Руне, Френсис Тиафо, Себастијан Корда, Гаел Монфис, Ник Киргиос, Алексеј Попирин…
Да потсетиме, Србинот новата сезона ќе ја започне со новиот тренер Енди Мареј.