More

    Нова цена на струјата од 1 Јули – Зависно од блокот цената се зголемува од 0,4 до 0,57 отсто

    spot_img

    Новата цена на струјата од 1 јули за 88% од потрошувачите кои се во првиот и во вториот блок ќе се зголеми за 0,4%. За оние потрошувачи кои се во третиот блок, а тоа се околу 8% од домаќинствата, цената се зголемува за 0,48% и за четвртиот блок цената е зголемена за 0,57%, објави денеска претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

    – Клучно е сега универзалниот снабдувач да ја следи дадената регулаторна насока за оптимизирање на набавката на останатите 15% за количини на електрична енергија што ЕСМ не ги понуди, и сега треба да се набават на слободен пазар. Треба да се бараат креативни решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните и да се размислува кон откуп на струја од домашните капацитети од обновливи извори. Неопходно е да има конкуренција и да се искористи моментумот кога цената на струјата на берзите е поволна – реле Бислимоски.

    Новата цена на електрична енергија ќе биде на сила од 1 јули 2024 година и ќе се применува до 31 декември годинава.

    Бислимоски оцени дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоме соодветно го применил тарифниот систем при изготвување на одлуката за нови цени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img