More

    Нова сензација на Светското првенство во Катар

    spot_img

    Четвртиот ден на Светското првенство во Катар донесе уште еден сензационален пораз на фаворит за титулата, откако Јапонија попладнево со пресврт ја совлада Германија со 2-1 (0-1) во рамки на првиот натпревар во групата Е.

    Германската репрезентација поведе на стадионот „Калифа интернешнл” во Доха преку Гундоган од пенал во 33 минута.

    Израмнувањето дојде во 75 минута преку напаѓачот на бундеслигашот Фрајбург, Ритсу Доан, а целосен резултатски пресврт за голема победа на Јапонија донесе уште еден бундеслигашки фудбалер, Такума Асано од Бохум, со прецизен удар во 83 минута.

    Претходно денеска, германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов” (One love).

    Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во групата Е во Доха, откако ФИФА им се закани со санкции на седум европски репрезентации доколку нивните капитени ја стават на рацете лентата која симболизира различност и толеранција.

    Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, која беше во свечената ложа на стадионот покрај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, носеше таква лента додека разговараше со фудбалските моќници.

    Претходно таа изнесе критики на адреса на ФИФА, истакнувајќи оти заканите со санкции е погрешно и неприфатливо однесување.

    – Ова не е во ред. Во денешно време е несфатливо ФИФА да не сака луѓето отворено да се залагаат за толеранција и против дискриминација – рече Фезер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img