Директорот на БИА Александар Вулин е фотографиран во Ерусалим, три дена по вооружениот инцидент на Косово во кој загинаа косовски полицаец и тројца Срби кои ја нападнаа полицијата, објави порталот Нова.рс.
Фотографиите до кои дојде порталот Nova.rs откриваат дека првиот човек на БИА бил во црквата на Светиот гроб, придружуван од обезбедувањето, каде што дошол да се поклони.
Како што рекоа соговорниците на Нова.рс, Вулин дошол во црквата придружуван од обезбедувањето.
„Ги запреа сите аџии за да може да влезе преку линијата. Тој беше таму 20-тина минути и си замина“, вели соговорникот на Нова.рс.
Александар Вулин ретко се појавува во јавноста откако е на чело на Безбедносно-информативната агенција.