More

    Нова „разузнавачка“ информација од САД

    spot_img

    Телевизијата ЦБС објави информации добиени од разузнувачките кругови на САД, според кои руските генерали веќе добиле наредба за почетокот на најавуваната инвазија на Украина.

    Според известувачите на телевизијата, се наведува дека командантите на теренот подготвуваат посебни планови, со цел да ги спроведат во дело планираните маневри на војската.

    – Разузнавачките податоци сугерираат дека тие го прават истото што би го направиле и американските генерали на нивно место – изјави известувачот Дејвид Мартин на ЦБС.

    Претходно беше пренесена и изјавата на Владимир Путин, кој во телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, посочил дека вистински проблем за мирот се украинските провокации на истокот на земјата. Рускиот претседател ветил дека ќе се залага за мирно решение на кризата, но не по цена на животите на руското население во регионот на Донбас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img