Нова офанзива на Москва на исток, им се обрати Зеленски на народот

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека руските сили ја започнале битката за Донбас, откако високи украински претставници објавија дека започнала новата офанзива на Москва во источна Украина.

„Сега можеме да кажеме дека руските сили ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател во понеделникот изјави дека „втората фаза од војната е започната“, мислејќи на новиот руски напад на источна Украина, и ја повтори изјавата на висок украински безбедносни функционер кој рече дека Русија ја започна својата нова офанзива во понеделник наутро.

„Верувајте во нашата армија, таа е многу силна“, напиша началникот на Генералштабот Андриј Јермак во апликацијата за пораки Телеграм, уверувајќи ги Украинците дека украинските сили можат да се спротивстават на руската офанзива.

Share This Article