Вулканот Ибу во источна Индонезија денеска повторно почна да исфрла огромни количества пепел, додека минатата недела властите го подигнаа нивото на тревога на второто, највисоко ниво на скала до четири.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.
Колона од пепел се издигна на небото на островот Халмахера во провинцијата Северен Молука и достигна повеќе од пет километри над врвот на вулканот, објави агенцијата за вулканологија и геологија, која објави слики од ерупцијата, една од најголем во последните месеци.
Пепелта е густа и се движи кон запад, изјави директорот на агенцијата Мухамед Вафи во денешната изјава.
Тој ги повика жителите во областа да носат маски и очила кога излегуваат, за да се заштитат од вулканската пепел.
Вулканот имаше мала ерупција во саботата кога исфрли лава и пепел неколку километри во воздухот.
Нивото на тревога денеска остана на второто највисоко ниво на скала од четири, откако минатата недела беше подигнато за едно ниво и воспоставување на забранета зона од пет километри околу кратерот на вулканот.
Ибу е еден од најактивните вулкани во Индонезија, со 21.000 ерупции регистрирани минатата недела.
Официјален претставник на геолошката агенција изјавил дека Ибу имал во просек по 58 ерупции дневно во 2023 година.
Индонезија, која е голем архипелаг, има честа сеизмичка и вулканска активност поради нејзината локација на Огнениот прстен на Пацификот.
Минатиот месец вулканот Руанг на северот на провинцијата Челеб еруптираше повеќе од шест пати, принудувајќи ги жителите од околните острови да бидат евакуирани. Околу 800 жители на островот Руанг мораа трајно да се преселат.