Нова, досега необјавена песна на хрватскиот и далматински пејач Оливер Драгојевиќ денеска беше премиерно емитувана на хрватските радиостаници, а заедно со спотот за утре се најавува и објавување на цел албум со песни на Оливер кои досега никогаш не биле објавени.
Песната, „Не можам да ти кажам“ („Не могу ти реќи“) како и албумот, наскоро ќе бидат достапни на сите стриминг сервиси.
Оливер Драгојевиќ почина во јули 2018 година на 70-годишна возраст. Имаше плодна музичка кариера и зад себе остави бројни безвременски хитови.