More

    Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер синоќа го погоди турскиот регион Хатај

    spot_img

    Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер синоќа го погоди турскиот регион Хатај, а една шесткатница, која била оштетена за време на најстрашниот земјотрес што се случи на 6 февруари, вчера ненадејно се сруши.

    Нема извештаи за повредени или материјална штета, но се појавија снимки од уривање на зграда. Снимката е од безбедносна камера во југоисточната провинција Шанлиурфа.

    Во моментов сите трагаат по преживеани. На терен се излезени припадници на Управата за вонредни ситуации на Република Турција, противпожарната бригада, медицински екипи и безбедносни сили…

    Гувернерот на Шанлиурфа, Салих Ајхан, изјави дека едно лице е пренесено во болница, а за друго се верува дека е заглавено под купот од бетон.

    Градоначалникот Зејнел Абидин Бејазгул и други локални претставници веднаш излегоа на местото на несреќата.

    Речиси два милиони луѓе останаа без покрив над главата во Турција по разорниот земјотрес.

    Многумина беа сместени во шаторски кампови, па некои од луѓе почнаа да се враќаат во своите оштетени домови.

    Видеото од моментот на несреќата погледнете го ТУКА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img