Уште еден силен земјотрес ја погоди Турција во понеделникот попладне.Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од два километри го погоди денеска подрачјето долж границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе истата област на 6 февруари, 41.000 луѓе загинаа во Турција и околу 6.000 во Сирија, оставајќи повеќе од еден милион луѓе без покрив над главата.