More

    Нов напад со дрон. Експлозија во центарот на Москва

    spot_img

    Руската противвоздушна одбрана собори два беспилотни летала во и околу Москва, област која е нападната шести ден по ред, изјави градоначалникот на руската престолнина во средата рано наутро.

     

    „Вечерва противвоздушната одбрана собори беспилотно летало во областа Мозај, во московската област. Уште еден дрон погоди зграда во изградба во центарот на Москва“, објави Сергеј Собјанин на Телеграм.

    Според првичните информации, во нападот нема жртви.

    Руската новинска агенција РИА Новости претходно објави дека се слушнала „експлозија“ во деловниот кварт на Москва.

    „Зградата во изградба во центарот на Москва е лесно оштетена“, јави ТАСС, повикувајќи се на итните служби.

    Ноќните снимки објавени на социјалните мрежи, кои Франс прес не можеше да ги потврди, покажуваат дека чад се издига во близина на облакодерот.

    Авиосообраќајот на московските меѓународни пристаништа Домодедово, Шереметјево и Внуково е прекинат, јавува и ТАСС, повикувајќи се на надлежните служби.

    Руската територија сега е цел на напади со беспилотни летала речиси секој ден. Рано утрото во вторникот, два дрона се урнаа над Московската област, во Красногорск, северозападно од главниот град, скршејќи ги прозорците на една зграда, јави репортер на АФП од местото на настанот.

    Во текот на летото над деловниот кварт во Москва беа соборени дронови, а во мај во близина на Кремљ беа соборени два дронови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img