Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм напиша дека детето е пронајдено под урнатините на станбена зграда и им изрази сочувство на родителите и роднините, пренесува Интерфакс Украина.
Шефот на регионот Харков, Олех Синехубов изјавил дека загинало 10-годишно момче, пренесува Униан.
„Под урнатините пронајдено е 10-годишно дете, момчето, за жал, починало. Според првичните информации, повредени се 16 лица, меѓу кои и едно 11 месечно дете. „Спасувачите работат на местото на ударот и ги расчистуваат урнатините“, изјави Синехубов.
Полицијата на регионот Харков соопшти дека утринава во Харков биле регистрирани два погода и дека според првичните податоци станува збор за руски ракети од типот Искандер.
Украинските медиуми јавија дека утринава се слушнале експлозии во Харков, а во моментот на првите извештаи за напади во областа, немало предупредување за воздушен напад.
Во вчерашниот руски напад врз цивилни објекти во источна Украина загинаа најмалку 51 лице, меѓу кои и шестгодишно момче, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.