Осум затвореници загинаа во пожар што се случи во саботата вечерта во затворот Евин во Техеран, објавија иранските власти нов биланс на жртви.
Во претходниот извештај имаше информации за четири загинати и 61 повреден, од кои четворица се во тешка состојба.
„Четири повредени лица починаа во болница, со што бројот на загинати се искачи на осум“, соопштија властите и додадоа дека жртвите се осудени за кражба.
Голем пожар избувна во саботата во иранскиот затвор Евин, познат по тоа што се сместени политички затвореници, новинари и странски државјани.