Норвешката министерка за здравство, Ингвилд Кјеркол (48) денеска поднесе оставка по обвинувањата дека нејзиниот магистерски труид е плагијат. Универзитетот Норд во Бодо, каде што ја поднела магистерската во 2021 година, по извршената истрага вчера потврди дека нејзината магистерска е плагијат.
– Дојдовме до заклучок дека Ингвилд треба да поднесе оставка од функцијата министер – изјави премиерот Јонас Гар Стур, додавајќи оти истрагата утврдила дека плагијатот бил „намерен“.
Кјеркол истакна дека таа и коавторот „немале намера да копираат туѓи достигнувања“.
– Иако боли затоа што не ви веруваат, мора да го прифатиме фактот дека Универзитетот има поинакво мислење – истакна Кјеркол на заедничката прес-конференција со Гар Стур.
Таа ја презеде министерската функција во октомври 2021 година, кога Гар Стур ја претстави коалициската влада, составена од неговата Лабуристичка партија и Партијата на центарот.