More

    Ноле од турнир на турнир лета со изнајмен авион

    spot_img

    Поради професионални обврски и турнири на сосема различни страни на светот, врвните тенисери се принудени да поминуваат часови и часови на пат и во авиони. Таков е случајот со актуелниот најдобар играч на планетата Новак Ѓоковиќ.

    Иако досега еден авион на домашната српска авиокомпанија го носи неговото име, првиот рекет на светот нема приватен авион, иако многу лесно можеше да си дозволи без проблем. Очигледно на Ѓоковиќ му е многу позгодно да изнајмува авион кога патува, па со години е клиент на компанијата „Нетџетс“ која му обезбедува посебен превоз.

    Затоа може да се каже дека Србинот на одреден начин сепак поседува приватен авион, кој е целосно прилагоден на сите негови потреби, бидејќи е еден од најмодерните авиони.

    Покрај супериорната удобност што авионот им ја овозможува на сите патници, тој е опремен и со интернет, како и катче со забавни содржини, така што може да се помине времето за време на долгите прекуокеански летови со гледање различни содржини.

    – Спортот со кој се занимавам вклучува постојано патување. Но, компанијата се труди да ми удоволи како што треба и јас секогаш пристигнувам на време на мојата дестинација – изјави еднаш Ѓоковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img