More

    „Нокиа“ ќе укине 14.000 работни места

    spot_img

    Финскиот телекомуникацики гигант „Нокиа“ соопшти дека планира  да отпушти меѓу 9.000 и 14.000 вработени со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми оперативната ефикасност.

    Тоа би значело намалување на работната сила од 10 до 16%, на околу 72.000 од околу 86.000 вработени колку што има сега.

    Одлуката е дел од стратешкиот и оперативниот план кој има за цел да ја репозиционира компанијата во иднина и да и го олесни надминувањето на сегашната неизвесност на пазарот и да го зајакне нејзиното технолошко лидерство.

    – Cloud услугите и револуцијата на вештачката интелигенција нема да се материјализираат без значителни инвестиции во мрежи кои имаат далеку поголеми можности. Сепак, иако е неизвесно кога пазарот ќе закрепне, ние не одолговлекуваме, туку преземаме решителни мерки на три нивоа: стратешки, оперативни и трошоци – изајви извршниот директор на „Нокиа“ Пека Лундмарк.

    Информацијата за укинување на работни места дојде по лошите резултати на компанијата годинава. Во третиот квартал  компанијата  забележа пад на нето-продажбите од 20% на 4,9 милијарди евра и 75% пад на заработката по акција на 0,02 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img