Денес , 11-ти Октомври, Македонија го слави Денот на востанието, симбол на македонската вековна борба за слобода.
Во таа чест, сите заедно, сплотени, да им ја оддадеме заслужената почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во антифашистичкото и народно-ослободителното востание, кои со својата борба и положени животи се вградија во темелите на македонската државност, остварувајќи го вековниот стремеж на македонскиот народ за основање своја самостојна држава.
Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, вели во честитката градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.