Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари, а собраниот износ ќе биде наменет за помош на раселените украински деца.

„Сумата ќе биде донирана во програмата на УНИЦЕФ за помош на раселените деца од Украина“, соопшти аукциската куќа Херитиџ Окшнс (Heritage Auctions).

Муратов, главен уредник на Новаја Газета и остар критичар на Кремљ, минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса. Признанието им го посвети на шестмина свои новинари кои загинаа поради својата работа.
Новаја газета на почетокот на март објави дека од својата веб-страница ќе ги отстрани материјалите за руските воени дејствија во Украина поради цензура, како одговор на заканите на Кремљ дека ќе ги гони новинарите и граѓаните кои не ја поддржуваат официјалната позиција на владата за војната во Украина.

Во видеото објавено од Heritage Auctions, Муратов рече дека освојувањето на Нобеловата награда „ дава шанса да бидеш слушнат“.

– Најважната порака денес е дека луѓето разбираат дека се случува конфликт и дека треба да им помогнеме на луѓето кои најмногу страдаат – додаде рускиот новинар, посебно истакнувајќи ги „децата во бегалските семејства“.

Share This Article