More

    Нивната безбедност не била загрозена, настрада само образот на државата

    spot_img

    Два транспортни авиони на НАТО требало да слетаат на скопскиот аеродром додека во кулата за контрола на летање се случуваше упадот и насилната драма водена од функционер на ДУИ – објави Телма, повикувајќи се на официјални извори, со потврда дека и воените авиони на НАТО, и цивилните воздухоплови, сепак, безбедно слетале на аеродромот.

    Дипломати се интересирале за инцидентот и упадот воден од Беќим Незири од ДУИ, затоа што државата како земја членка на НАТО, се грижи за безбедност и на летовите на воздухоплови на Алијансата.

    Во моментите на инцидентот во М-НАВ, повеќе авиони биле на врска со контролата на летање на скопскиот аеродром, што може да се види на снимка од веб-сајтот Флајт радар, на кој се регистрирани и авионите на НАТО.

    Претходно министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека во ниту еден момент не била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај, но додаде дека раководството на М-НАВ ќе мора да одговара и да биде разрешено, бидејќи не ги решиле проблемите во оваа витална институција.

    Седницата на владата за разрешување на директорската тројка, како и управниот одбор на М-НАВ, треба да се одржи во вторник, по Божик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img