More

    Ништо од патувањата во САД: Новак нема да игра во Индијан Велс и Мајами

    spot_img

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сепак нема да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, што го потврди и на својот Твитер профил.

    Иако вториот рекет во светот беше во ждрепката за споменатите два турнири, учество нема да има.

    Причината се постојните правила во врска со коронавирусот и патувањето во САД. Го спречуваат Новак да влезе во земјава, бидејќи не е вакциниран.

    До последен час се чекаше одобрението од Центарот за контрола и превенција на болести, но прописите не се сменија во корист на поранешниот број еден.

    Затоа ја прескокнува американската турнеја (Индијан Велс 10,3-20,3, Мајами 21,3 – 3,4) и мора да се подготви за остатокот од сезоната.

    Во овој момент не е целосно јасно на кои турнири ќе може да настапува, вклучувајќи ги и преостанатите три Гренд Слема – Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен.

    Последен пат Новак беше на теренот во Дубаи, каде беше елиминиран во четвртфиналето од Јирџи Весели. Тој претходно не можеше да настапи на Австралија опен бидејќи не ја прими вакцината против коронавирус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img