More

    Николоски за ставањето на Катица Јанева на црната листа на САД

    spot_img

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за ставањето на Катица Јанева на црната листа на САД рече дека токму таа како прв човек на СЈО ја користела позицијата за сопствен бенефит и корист наместо за враќање на правдата во Македонија.

    – Тоа е најдобриот доказ и потврда за злоупотребите кои што се правеа во СЈО, кое што беше креирано да донесе правда во Македонија, но наместо правда донесе неправда. Многу луѓе беа жртви на политички прогон што се спроведуваше преку СЈО, а првиот човек на тоа СЈО, веќе и осудена личност сега и на црната листа на САД, јасно е дека ја користела позицијата за сопствен бенефит и за сопствена корист наместо за враќање на правдата во Македонија. Тоа е она што ги боли најмногу луѓето – кажа Николоски, кој беше во посета на Неготино.

    Она кое што луѓето го бараат, според него, е воведување на функционален систем на владеење на правото и тоа ќе биде првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ по формирањето на новата влада.

    – Најниска е довербата во судството и во обвинителството, а луѓето најмногу бараат воведување на функционален систем на владеење на правото и тоа ќе е нашиот прв чекор после формирањето на влада, тоа е воведување на ред и сите оние кои што правеле криминал и криминални активности да одговараат. Доколку не им се мешаме ни ние, ниту крупниот капитал, ниту кои било други центри на моќ верувајте дека самите ќе ја средат состојбата во државата за брз временски период и планираме тоа да го направиме – порача Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img