More

    Николоски за само 10 дена најде лек за главоболките и спаси 50 милиони евра за арбитража

    spot_img

    Успеавме за десетина дена да ги решиме најголемите проблеми со „Синохидро“ и да најдеме решение за косините и свлечиштата на патот Кичево-Охрид, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

    Тој рече дека во изминатиот период со изведувачот „Синохидро“ се воделе интензивни разговори за да се откажат од арбитражната постапка и со тоа да се заштеди 50 милиони евра пари од буџетот на државата.

    Во однос на техничките решенија со свлечиштата, министерот објасни дека се изнајдени две опции за санација на косините и дека со сите наследени проблеми, автопатската делница ќе биде завршена до крајот на 2026 година.

    – Објективниот проблем е со состојбата со теренот на трасата кај што не се гледа, а тоа над Кичево до Дебрца и тука тој терен е многу проблематичен. Седнавме со изведувачот и побарав да прават што ќе прават, да најдат решение и да се заврши. И очигледно таа беше формулата бидејќи во рок од десетина дена со интензивни разговори тие се откажаа од арбитражата каде што Македонија потенцијално ќе изгубеше 50 милиони евра а тоа за земја како Македонија се многу пари. И втора работа е да се решат проблемите со свлечиштата и косините на еден модерен начин. Решенијата не се голема филозофија или ќе се оди со галерија, тоа е како тунел, нецелосно затворање тука само со покрив или опција е само со шипови за стабилизација на косините и до крај на 2026 година автопатот ќе се заврши – појасни Николоски во изјава за ТВ Сител.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img