Николоски најавува нова ера во авиосообраќајот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со воведување на двете нови дестинации Истанбул-Охрид и Базел Милхаус-Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот, токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот, бидејќи стратегијата ни даде резултати, рече министерот за транспорт Александар Николски во интервју за ТВМ.

– Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид. Тоа  е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања – рече Николоски.

Тој потенцираше дека ова е успешен јавен повик. На овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот и се отвора можност за развој на туризмот.

– Го имаме и летот од Охрид до Базел Милхус, аеродром на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија. Тоа отвора многу можности за нашата дијаспора и за голем број туристи од тие земји – истакна министерот Николоски.

Тој потенцираше дека е сменет моделот на субвенционирање по патник во доаѓање. бидејќи се очекува дека овој модел ќе донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно.

Николоски најави дека овој месец ќе се распише јавен повик со кој ќе се воспостават нови авиолинии од Охрид.

Следната година ќе почне со реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром.

Share This Article