Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на социјалните мрежи за денеска најави почеток на огромен историски проект.
Во постот на Фејсбук тој не открива детали за што станува збор, освен што соопштува дека ќе се случи во 11 часот.
„Денес е навистина посебен ден. Ќе има одлични вести, почеток на ОГРОМЕН ПРОЕКТ“, напиша тој.
Владата соопшти дека денеска во 11 часот премиерот Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе извршат надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани каде што ќе дадат и изјави.