More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 27 Mарт, 2023

    spot_img
    На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари. Во врска со овој настан, денеска во полициска станица  дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица кои го прекршиле законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Исто така, ќе биде повикано и одговорно лице од агенцијата која со своите редари била задолжена за редот во салата, а немала доволен број на редари.

    На 27.03.2023 во 01.45 часот во Скопје на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.03.2023 во 21.10 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници  го лишиле од слобода В.С.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.03.2023 во 22.10 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (26.03.2023), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1009 возачи. Од нив 46 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

    На поширокото тетовско-гостиварско подрачје вчера (26.03.2023) од 08.00 до 20.00 часот спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле изречени 148 мерки (ТЕ-99 и ГВ-49). При контролата биле откриени и санкционирани 74 возачи (ТЕ-40 и ГВ-34) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 4 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, а 20 возачи (ТЕ-9 и ГВ-11) до 70 километри на час. Покрај ова, со соодветни поднесоци биле заокружени и 74 возачи (ТЕ-59 и ГВ-15) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а санкционирани биле 21 друг вид сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-11).

    Вчера (26.03.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    На 26.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 87 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 31 во населено место. Од нив 24 на подрачјето на Штип, 25 во Свети Николе, 14 во Пробиштип, 9 во Берово, 8 во Виница, 4 во Кочани и 3 во Делчево. Санкционирани биле и 31 други видови на прекршоци, од кои 14 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 6 за возач почетник, 3 за претовар, 4 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

    На 26.03.2023 вo 17.40 часот во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и мопед „јамаха“, управуван од К.Џ.(19) од Скопје. Во несреќата К.Џ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

    На 26.03.2023г во 21.45 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со прилепски ознаки, управувано од  Б.Г.(53)  од Прилеп и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(30)  од с.Сенокос. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

    На 26.03.2023 во 20.20 часот во Полициска станица Аеродром, Б.Д.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 26.03.2023 околу 09.40 часот на крстосницата од ул.„Вардарска“ со регионалниот пат  Р1102 кој води од Велес до езеро „Младост“, А.Ѓ.(28) од Скопје, додека управувал велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес. По овластување од Јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

    На 26.03.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Карпош, А.А.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Русински“  била касната од куче скитник.

    На 26.03.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.А.(41) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img