More

    Николоски го поздрави Груби од Струмица

    spot_img

    „Очекувам историски најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, со најголема разлика, најмногу гласови за Гордана Силјановска Давкова, најмногу гласови за Христијан Мицкоски за стабилна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ”.

    Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, Александар Николоски, на митингот во Струмица.

    – Пред нас претстои сериозна работа во деновите кои што доаѓаат, да се сретнеме со секој кој сака да ни отвори, да поразговараме со сите коишто сакаат да нѐ слушнат и да ги поканиме сите да излезат на гласање. Потребна е голема референдумска излезност и потребен е концентриран глас за ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи сите, кои што се незадоволни од актуелната власт на заминување, треба да знаат дека само глас за ВМРО-ДПМНЕ значи промена – порача Николоски.

    Николоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање.

    „Мојот противкандидат е човек кој го уништи македонското здравство. Човек кој ќе биде запишан на најцрните страници на македонската историја бидејќи го уништи здравството и ја внесе корупцијата во него. Но, најголемиот дел од здравствените работници и од докторите не се такви. Јас сакам вечерва да се заблагодарам и да го повикам за да го поздравите, со нас вечерва е професор доктор Виктор Камнар, најдобриот македонски ортопед, човекот кој што ја направи првата трансплантација на коски во Македонија и во регионот. Камнар е човек кој што е претставник на чесните доктори и на чесните лекари, на оние кои сакаат да го градат македонското здравство и оние кои не ги злоупотребуваат пациенти туку остануваат со нив секогаш кога им е потребно – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој посочи дека во овие избори ќе се стави крај на криминалот и на корупцијата и дека ВМРО-ДПМНЕ ја бара поддршката од граѓаните за да се испратат во длабока опозиција СДСМ и ДУИ.

    – Ние сме многу сериозни во ова што го ветуваме, ние стоиме зад нашиот збор. И доколку ја добиеме вашата поддршка, во огромен број како што очекуваме, ДУИ ќе оди во опозиција и ќе одговараат за криминалот и за корупцијата кои што ги прават во Македонија – укажа Николоски.

    Николоски додаде дека Артан Груби е врвен претставник на криминалот и на корупцијата во Македонија.

    – Сакам да го поздравам од овде, од Струмица, и да му кажам дека ќе му ја испитаме цела работа од точка до запирка, ќе биде испитано сѐ што правел. Но, и сите наводи за криминалот и за притисоците кои ги прави. Ќе испитаме и што прави другар му Перпарим во Лотарија на Македонија, што правеа со притисоците за Законот за игри на среќа, која е неговата улога во казината во Македонија, каква е неговата поврзаност со бројни градежни фирми во Македонија, а и каква е неговата поврзаност со спортските клубови кои што се сѐ освен спортски клубови. И да му кажам одовде дека нема да му дозволиме нему блиска фирма да копа во Беласица, тука да отворат рудник за да вртат нивните камиони и багери. ДУИ нема да работи во Струмица и во струмичко – порача тој.

    Николоски нагласи дека одговорноста е битна работа и тоа е најпотребно во Македонија. Одговорност ќе има со помош на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img