Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 со која ќе се заобиколи Македонија на географската мапа,

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 со која ќе се заобиколи Македонија на географската мапа, откри вчера вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во телевизиско гостување.

– Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на Коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи Коридорот 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на Коридорот 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и Коридорот 8 – истакна министерот Николоски.

Тој додаде дека пругата кон Бугарија е во интерес за Македонија, но дека изградбата ќе продолжи откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија. Проектот, според него, има три главни недостатоци – цената, изводливоста и тунелското решение.

– Во однос на цената, договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи, ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да, ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на Коридорот 8 во железничкиот сообраќај. Компанијата која што го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која што не ја заврши штипската болница и со која што сега Република Македонија е на арбитража. Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот – додаде министерот Николоски.

Тој рече дека се обидува да најде грант за да направи отворен систем на патарини и да ја зголеми ефикасноста на патувањето низ Македонија.

– Планираме да направиме отворен систем на патарини. Сега ние имаме систем како во Грција, а отворениот систем е како во Србија. Во однос на автопатската делница од Скопје до Охрид нема потреба од инвестиции за ова бидејќи тие сега се градат, а за делницата од Табановце до Гевгелија потребни се големи средства и верувајте дека континуирано бараме извори на финансирање во вид на грантови – рече Николоски.

Share This Article