Хрватската водителка Николина Пишек со својата најнова објава ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм. Таа сподели видео на кое танцува на плажа во лесен летен фустан.
„Зима? Што е тоа?“, напиша Николина во описот на објавата.
„Убава жена“, „Уживајте“, напишаа нејзините следбеници во коментарите, а многумина ги интересираше точната локација на плажата на која моментално ужива Николина.
Таа претходно објави фотографии од островот Крк. Николина на бродот позирала со чашка пијалак во рака, а на себе имала краток летен фустан со шарен дезен.
Николина беше во брак со српскиот историч на уметноста Видое Ристовиќ, кој почина на 44-годишна возраст.
Водителката пред извесно време го обележа и роденденот на Видое, па објави фотографии кои настанале низ годините.
„Вака изгледаше на денешен ден 25.7. низ годините. Низа среќни спомени. Секоја скапоцена. Никој не може да ни ги забрани“, напиша Николина и сподели фотографии од нив двајца, нивните пријатели и тој со семејството. Заедно со објавата, таа означи и дека се наоѓа во море на љубовта.
ФОТО: Инстаграм