Српскиот историчар на уметноста Видое Ристовиќ на 25 јули ќе го прославеше својот роденден, а неговата вдовица Николина Пишек се потсети на нивните заеднички моменти и на својот инстаграм-профил објави фотографии со опис:
„Вака тоа изгледаше на денешен ден 25.7. низ годините. Низа среќни спомени. Секој од нив е скапоцен. Никој не може да ни забрани“.
По нејзината објава се огласи нејзиниот свекор Виктор Ристовиќ, познат како Миша Гроф, кој рече дека не знае зошто Николина нагласува дека некој се обидува да ѝ ги украде спомените со Видое, како и дека никој не сака да го направи тоа, пишува „Нова.рс“.
Интересно е и тоа што тој ја поканил својата снаа слободно да дојде во, како што рекол, еден од двата стана во Белград, но не е јасно на кои станови мислел, со оглед на тоа што претходно рече дека таа не поседува ништо и дека целиот имот на Видое се водел до него. Исто така, Миша Гроф не ја пуштил снаата да влезе во станот во кој живеел Видое.
„Не знам што нагласува Николина на социјалните мрежи дека никој не може да ѝги одземе спомените со син ми, па никој не би се ни обидел! Тоа што тие го имале, сите убави моменти и треба да се паметат. Отидов на гробишта денеска, на тој начин му го одбележавме роденденот. Порано секогаш славевме помпезно, секогаш бевме заедно, а годинава за жал на гробишта. Штотуку се вратив од Загреб, договарав нешто со адвокати за мојата фирма и како колку што знам, Николина е во Белград, не сме се слушнале, па не знам дали ќе дојде на гробишта, но не се појави со нас, можеби ќе дојде одделно, којзнае. Можеби и не. Не знам што имала на ум, па испаѓа дека постојано нешто ѝ бранам. Има два стана овде во Белград, има свој простор, може да дојде кога и да посака. Никој не ја спречува и што се однесува до мене нека прави што сака со својот живот“.
Инаку, Миша Гроф, неодамна кратко престојувал во Загреб, а сега на медиумите им ја откри вистинската причина за неговото доаѓање, а проговори и за Николина.
– Не отидов да ангажирам адвокат за имотот, туку имам адвокат во Загреб. Не сум во никаков имотен спор со Николина. Тој имот е поделен, кој ви го кажа тоа? Ова е дезинформација. Имено, купувам куќа во Опатија – изјавил за „24 часа.хр“ Миша Гроф.
– Не го посетив друштвото на Видое кога бев во Загреб, па тој таму се дружеше со луѓе што ги запозна преку мене – додал Миша Гроф.
Тој открил во какви односи е со Николина Ристовиќ. Како што вели, тој и Николина редовно се слушаат, но последните неколку дена не биле во контакт. Наводно, поради големиот кредит што таа и Видое го зеле за куќата во Загреб, Николина почнала да бара нова работа, но Миша немал никакви сознанија за тоа.
– Ако повторно бара работа, ќе и помогнам. Не ни знаев дека бара работа – заклучил тој.
ФОТО: Инстаграм