Холивудската актерка Никол Кидман во саботата се појави на престижните „AFI Lifetime Achievement Awards“, на кои впрочем таа е добитничка.
Познатата актерка на црвениот тепих во Лос Анџелес се прошета рака под рака со сопругот Кит Урбан, а на овој голем настан на парот се придружија и нивните ќерки Сандеј Роуз (15) и Фејт Маргарет (13).
Со оглед на тоа што Кидман и Урбан никогаш не ги експонирале своите ќерки, ова било големо изненадување и единствена можност јавноста да види како изгледаат тинејџерките.
Прекрасната 56-годишна актерка блескала во златен, светкав фустан на „Баленсијага“, додека Сандеј и Фејт биле поедноставно и покласично стилизирани. Двете се одлучиле за тоалети во црвени бои, а станувало збор за креации со потпис на дизајнерката Моник Лулие.
Постарата Сандеј избрала фустан во потемна црвена нијанса со горен дел во облик на корсет и лелеаво сатенско здолниште, додека помладата Фејт блескала во портокалово-црвен фустан. Двете тинејџерки имаат долги, кафеави коси и сини очи и неверојатно наликуваат на нивниот татко.
Кит и Никол се во среќен брак од 2006 година, а двете ќерки ги добиле со помош на сурогат мајка.
По раѓањето на Сандеј, актерката се обидела да забремени преку ин витро, но не успеала, по што повторно ангажирале сурогат мајка.
Холивудската дива од претходниот брак со Том Круз има и две посвоени деца – ќерката Изабела (31) и синот Конор (29), но со нив Никол не е во контакт.