More

    Никој не може еднострано да ни ги смени учебниците

    spot_img

    Сметаме дека Собранието е најдоброто место каде треба овој процес да заврши и да добие свој епилог и да се сублимираат сите укажувања што произлегоа од консултативниот процес и соодветно да се артикулираат во заклучоци кои како задолженија ние, пратениците, ќе ѝ ги ставиме како обврска на Владата и на останатите институции вклучени во преговорите.

    Ова денеска го посочи пратеникот од ДУИ Арбер Адеми на прес-конференција во Собранието, пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред е Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка, закажана во 13:30 часот.

    – Со денешните заклучоци кои се во форма на предлог ќе ја задолжиме Владата низ текот на целиот процес на преговори безусловно да ги почитува јазичните, идентитетските, историските и културните особеност на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со ЕУ согласно Резолуцијата усвоена исто така од ова Собрание пред една година – нагласи Адеми.

    Владата, како што рече, ќе ја задолжат да обезбеди чиста и безусловна употреба на македонскиот јазик и тоа како во текстот на преговарачката рамка, така и во понатамошниот процес при склучување на какви било договори, спогодби и документи со ЕУ кои содржат јазична одредба, како што е Договорот за соработка со ФРОНТЕКС. Уште сега, додаде Адеми, ставаме јасна обврска за Владата и преговарачкиот тим со приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без какви било дообјаснувања, додавки, фусноти или астерикси.

    – Владата ќе биде задолжена низ текот на преговарачкиот процес, билатералните прашања поврзани со билатералните преговори кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство, да не ги прифаќа како одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со ЕУ. Со посебен заклучок како еден вид преодни одредби ќе ја задолжиме Владата сите претходно посочени задолженија по нивното усвојување да бидат вградени во отворачката изјава на Република Северна Македонија при одржување на првата меѓувладина конференција со што ќе се обезбеди заклучоците на ова Собрание да влезат и во записникот на ЕУ при самиот старт на преговори како црвени линии на земјава без кои преговорите не можат да се одвиваат – појасни Адеми, образложувајќи ги заклучоците.

    Одговарајќи на прашање, Адеми рече дека очекува сите пратеници да гласаат за овие заклучоци, бидејќи, како што нагласи, јасно и гласно, кристално чисто се бранат македонскиот идентитет, македонскиот јазик и особеностите на македонскиот народ.

    – Имајќи ја предвид содржината на овие заклучоци, мислам дека јасно и гласно се поставуваат уште еднаш црвените линии за Владата и не само за оваа влада, туку за која било влада во иднина – рече Адеми.

    Според него, нема штета од дискусии и дебати и ги повика сите политички партии и од власт и од опозиција, доколку сметаат дека нешто треба да се преформулира, да седнат и да разговараат.

    –-Ако сметаат дека нешто треба да се преформулира, треба поинаков вординг за овие заклучоци да седнеме и да си поразговараме за да дојдеме до еден единствен заеднички став – рече Адеми.

    Во однос на протоколот, Адеми рече дека го прочитал и има реципроцитет од аспект на обврските.

    – Никој не може да ни ги смени еднострано нашите учебници и нема прашање за кое сме договорени, немаме препораки, освен една единствена препорака што треба да се проследи. Има процес на одобрување – до Министерството за надворешни работи, до Владата, па Владата до соодветното министерство. Ако станува збор за образовно прашање до МОН, па потоа на комисија, па авторот дали ќе прифати итн. Значи, да не го прејудицираме процесот – апелира Адеми.

    Тој додава дека обврски има не само за Северна Македонија, туку и за Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img