More

    Ние всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбата против Украина го прави истото против Израел

    spot_img

    Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Прекинот на огнот ќе продолжи се додека тие ги ослободуваат заложниците, но по примирјето ќе ја продолжиме војната, изјави министерот за навдорешни работи на Израел Ели Коен пред учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ што се одржува во Скопје.

    – 7 октомври беше трагичен ден за Државата Израел. Ние всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбата против Украина го прави истото против Израел. Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Ќе продолжиме да се бориме додека не ги вратите сите заложниц и додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободимe Газа од Хамас – ИСИС со цел да осигураме дека такви злосторства нема да се повторат никаде во светот – изјави Коен.

    Прашан колку блиску се до постигнување мир, Коен посочи дека се одлучни да продолжат во борбата против, како што рече, оваа терористичка организација.

    – Сѐ додека тие ги ослободуваат заложниците, ќе продолжиме со прекинот на огнот. Но, по примирјето ќе ја продолжиме војната – подвлекува Коен.

    На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во Северна Македонија од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите и други претствници на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img