More

    Незнаењето на власта граѓаните го плаќаат со три пати поскапа струја, вели Мискоски

    spot_img

    Бројките што за енергетиката ги објави Евростат се немилосрдни и за жал граѓаните во Македонија поради незнаењето на властаплаќаат една од трите или четири најскапи цени на електрична енергија коишто ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е на дното помеѓу трите најсиромашни држави во Европа.

    Ова во општина Василево го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Мицоски потсети дека неодамна наместо да се почнуваат нови инвестиции, власта делеше пофалници за грејната сезона.

    – Јас кога слушнав дека има некој настан во РЕК Битола помислив да не се отпочнува модернизација некој нов коп, Живојно, некоја нова технологија и така натаму, но тоа да било благодарници поради тоа што била завршена грејната сезона. Не можев помалку да се срамам од нивниот срам, еве бројките се немилосрдни, Еуростат ги објавува, за жал граѓаните во Македонија ова нивно незнаење го плаќаат многу скапо, односно граѓаните  плаќаат една од трите или четирите најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е пак на дното, помеѓу трите најсиромашни држави во Европа но плаќаме електрична енергија како трите најразвиени држави во Европа. Така што ќе дојде набргу време кога за сето ова ќе се поднесе сметка, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, за да не биде после тоа не сме кажале. Да не биде после тоа лелекање, да не биде после тоа плачење, еве да знаат дека за сето ова еден ден ќе дојде, а тој ден доаѓа, секој ден сме поблиску до тој ден, ќе се сведат сметките за да не биде после не кажавте – рече Мицкоски.

    Тој додаде дека  и во следниот период треба да се следи работата на власта.

    – Треба многу да се внимава како се однесуваат овие последни неколку месеци затоа што колку побргу заминат, колку побргу се случат тие парламентарни избори, толку побезболен ќе биде нивниот пат, колку повеќе одолговлекуваат толку поголема ќе биде казната на народот но и одговорноста пред законите. Ги предупредувам и вработените да не подлегнуваат на притисоци од оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, затоа што знам и слушам дека голем дел од луѓето што работат во државна администрација се под притисоци да го потпишуваат да го ратификуваат криминалот на оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, ги предупредувам да одбиваат таква работа затоа што секој изминат ден сме поблиску до падот на оваа влада а ќе повторам со падот доаѓа и одговорноста и таа одговорност е по вертикала, ги предупредувам и ги замолувам да не ги прифаќаат овие барања од страна на овие политички криминалци и насилници – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img