Новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, се уште се нема огласено за наводите на Алфа ТВ дека сега ќе мора да истражува дали неговиот дедо има вина за автобуската несреќа на „Беса транс“ во Бугарија.
Новоизбраниот обвинител Абази е сопруг на ќерката на првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини, на кој неуспешните контроли во просториите на агенцијата му се редеа со денови по несреќата.
На 23 ноември минатата година, на автопатот „Струма“ во Бугарија, се запали автобус на компанијата „Беса транс“. Во трагедијата заинаа 44 патници, а 7 беа повредени.