Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во периодот од 15.30 до 17.00 часот, подрачјето на Битола било зафатено од краткотрајно невреме при што биле регистрирани неколку настани, од кои бележат паднато дрво во центарот на градот на ул. Столарска, при што се оштетени две паркирани возила и била зафатена коловозна лента.
За истото известен е е ЈП „Комуналец“ – Битола и состојбата е санирана.
Регистрирано е и паднато дрво на ул. Страшо Пинџур при што се искинати жици од електрична мрежа, падната бандера на ул. Херцеговина и навалено големо дрво врз електрична инсталација (жици) во с.Бистрица.
За овие настани и дефекти известени се ЕВН Македонија за да интервенираат.
Покрај овие настани има и поголем број на други оштетувања предизвикани од силниот ветар. Исто така, и ТППЕ Битола имала две интервенции поради паднати дрвја и тоа во: с.Крклино и кај маркет во Битола.
Во Битола имаше два пожара кај објект на ЈП „Водовод“ и кај м.в.„Смолево“ (ниска шума и сува трева).
2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско, Гевгелиско, Валандовско и во други региони, а имаше и 14 пожари на отворено, од кои сите се изгаснати, соопштува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Повеќе од 160 до 200 повици беа примени во првиот час, а темпото на постојано добивање пријави за штети, информации за опасности и за итни случаи поради невреме не застана бидејќи иако во Скопско невремето се стиши, невремето продолжи во форма на локални обилни врнежи од дожд на места, град и со засилен ветар во Струмичко, Битолско, Гевгелиско, Валандовско и во други региони во нашата држава.