Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци.
Според информации од жители на Негорци, градот на два пати го погодил регионот.
– Град со големина на орев паѓаше нешто по 12:30 часот, а по 13:00 часот повторно падна и сè побелe – велат жители на Негорци.
Според информациите со кои располагаме градот ги погодиl селото Негорци, Гевгелија и други околни населени места.
Минатата недела регионот на Гевгелија исто така беше зафатен од невреме проследено со град и силен дожд. На 8 март Општина Гевгелија ги извести граѓаните дека оние што претпреле штети од невремето можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината.
Во невремето од 7. март од удар на гром загина и малолетник во атарот на селото Негорци, кога ја напасувал стоката.