More

    Невреме ќе има во повеќе делови од земјата

    spot_img

    Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

    Минималните утрински температури ќе се движат од 12 во Маврово до 20 во Гевгелија, а максималните дневни од 22 во Маврово и 32 Целзиусови степени во Гевгелија.

    Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Температурата ќе се движи од 19 до 29 степени.

    В среда нѐ очекува сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

    Минималните утрински температури ќе се движат од 12 степени до 19 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 27 степени до 33 степени.

    Метеоролозите за во четврток најавуваа сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 11 степени до 19 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 29 степени до 35 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img