„Во меѓувреме во Дубаи, поплава на судниот ден“, се вели во објава на мрежата Икс на која се споделуваат видеа од страшното време кое ја зафати оваа земја. Поплавена е аеродромската писта, авионите едвај се движат, а утринава откажани беа вкупно 21 појдоен и 24 дојдовни летови. Ројтерс пренесе дека по прекинот од 25 минути летовите биле рестартирани.
Официјални лица изјавија дека во Оман, девет ученици и нивниот возач загинале во неделата кога нивното возило било однесено од поплавите во Самад А’Шан. Властите во Дубаи испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.
A Stay-home advisory has been issued due to heavy rain flooding all 7 Emirates including Dubai.
Guess this is the result when you overdo it with the cloud seeding . pic.twitter.com/nIOkLmBYAk
— Raymond (@Raymond82310289) April 16, 2024
Националната управа за управување со вонредни состојби, кризи и катастрофи им порача на жителите да не ги напуштаат своите домови освен во „случаи на екстремна потреба“.
Власта, исто така, ги советуваше возачите да ги паркираат возилата на „оддалечени, безбедни и издигнати локации подалеку од областите подложни на поплави“.