Лука Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан, сподели фотографија од своето семејство на Инстаграм, а потценување е да се каже дека се во завидна физичка форма.
Голманот на шпанскиот второлигаш Еибар стои покрај својот татко Зинедин и мајката Вероник, заедно со преостанатите браќа: Енцо (28), Тео (21) и најмладиот Ејлаз (17).
Ниту еден од синовите не го достигна нивото на нивниот татко, но сите тие играат професионален фудбал во пониските класи на шпанскиот фудбал.
Легендарниот Зизу на 51 година изгледа навистина импресивно, ништо полошо отколку во играчките денови, но треба да и оддадеме почит и на Вероник, која изгледа одлично по четири пораѓања.
Зидан ужива во паузата од тренерската работа од летото 2021 година кога ја напушти клупата на Реал Мадрид, минатото лето беше поврзуван со ПСЖ, но Зизу реши да ги одбие саудиските милиони.