Момчето кое трагично загина од струен удар во невремето во Нови Сад ја допрело електричната кутија која била под напон доближувајќи се до прозорецот на станот на неговата тетка. Блиц пишува момчето Ј.В. имало 12 години, а неговата мајка е неутешна. Таа вели дека тој бил кај едната тетка, а потоа, бидејќи немал телефон со себе отишол кај другата тетка и притоа сакал да тропне на прозорецот.
– Кога заврши невремето, тој си отиде дома, а на пат кон нашата куќа живее мојата сопствена сестра, неговата тетка. Веројатно сакаше да види како поминале во невремето и да ми каже дека е добро бидејќи нема телефон. Како што ни рекоа потоа, се приближил до зградата преку мала тревна површина и тропнал на прозорецот на тетка му, кој е во приземјето на зградата, и наеднаш се слушнал крик – вознемирено раскажува Валентина за Блиц.
Таа вели дека соседите и нејзината сестра го слушнале крикот и дека веднаш истрчале надвор и го виделе нејзиното дете како се тресе.
– Не знаеја што да прават бидејќи видоа дека го удира од струја. Не знаеле дали е гром или дали допрел жица. Сè се случи за неколку секунди затоа што еден од соседите беше доволно трезен да потрча по лопата со која го турна за да не го удри тој или некој друг ако го допре моето дете. Сфатиле дека нема пулс и дека не дише и веднаш почнале со реанимација додека не пристигнала брзата помош која продолжила да го оживува, но за жал не успеале. Сите останавме без зборови и на почетокот кога ни кажаа не можевме да поверуваме дека тоа е наше дете – изјавила вознемирената мајка.
Како што изјавија за „Блиц“ преплашени очевидци, момчето наеднаш почнало да се тресе, што го виделе соседите и веднаш притрчале да му помогнат.
– Немавме струја и сè што видов е дека нешто се стемни и невремето помина. Излегов на улица и преку улицата видов момче како се тресе. Притрчав до него и сфатив дека најверојатно се тресе од струја, односно или го удрила струја или гром. Не знаев како да му пријдам, а други соседи веќе натрчаа и еден од нив само го турна и тој престана да се тресе. Веднаш го почувствувавме неговиот пулс и сфативме дека не дише. Се обидовме да го оживееме и не прекинавме со реанимација додека не дојде брзата помош, чии лекари продолжија да го реанимираат најмалку половина час, ако не и подолго, и се обидоа да го оживеат. Тие не се откажаа. Навистина се бореа за тоа дете, но за жал, немаше начин да го спасат – раскажува разочаран сосед.
Соседите претпостауваат дека невремето искривило јарбол од знаме кое било поставено напсроти куќата, а тоа го оштетило столбот и предизвикало струјната кутија да биде под напон. Но, ова не е потврдено.
– Ни рекоа дека тоа не треба да се случува без разлика на оштетениот столб и дека е можно да немало добри електрични инсталации во зградата, која морала да остане без струја и да не е под.