More

    Нетфликс повторно ги зголемува цените? „Ги замоливме нашите корисници да платат малку повеќе“

    spot_img

    Netflix најверојатно ќе ги зголеми цените на претплатни пакети и оваа година, што би можело да го забрза растот на неговите приходи и профит.

    Имено, минатиот октомври Нетфликс ја зголеми цената на основната претплата од 9,99 долари на 11,99 долари месечно во САД, а корекција на цената е направена и за пазарот во Велика Британија и Франција. Иако се уште не е официјално објавено, извршните директори на компанијата изјавија дека е можно ново поскапување.

    Ко-основачот на компанијата Грег Питерс неодамна објави дека минатата година Нетфликс „го одложил зголемувањето на цената“ додека вовел програма за споделување на сметки со платена сметка.

    „Сметавме дека тоа е форма на замена за поскапувањата. Сега, кога го отфрливме тоа, можеме да продолжиме со нашиот вообичаен пристап кон зголемувањата на цените. И зголемувањето на цените, сте виделе како го правиме тоа во САД, Велика Британија и Франција. Таа промена помина подобро отколку што очекувавме“, изјави Питерс за Variety, додавајќи:

    „Ние ќе продолжиме да ги следиме другите земји и ќе се обидуваме да процениме кога испорачавме доволно дополнителна вредност за забава за да ги замолиме нашите корисници да платат малку повеќе за да го одржат тој позитивен механизам и да останат способни да инвестираат во производство на одлични филмови, серии и игри за претплатници“.

    Минатата година Нетфликс достигна дури 29,5 милиони нови претплатници и со тоа ја збриша конкуренцијата, која се бори да ги задржи постоечките, а камоли да добие нови.

    „Иако очекуваме растот да забави, веруваме дека Netflix сè уште има значителен простор за раст бидејќи продолжува да ги претвора корисниците во платени претплатници“, велат аналитичарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img