More

    Нетанјаху прогласи војна против Хамас

    spot_img

    Ние сме во војна, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видеообраќање до своите сонародници.

    Тој додаде дека неговата земја ќе победи во оваа војна и дека нејзиниот непријател ќе ја плати цената за нападот врз Израел.

    Неговата изјава уследи откако врз Израел беа истрелани илјадници ракети од Појасот Газа, при што загинаа најмалку пет луѓе, а сто се повредени.

    Палестинските екстремисти од Појасот Газа денеска истрелаа илјадници ракети врз Израел, а Хамас најави почеток на нова операција. Ракетниот истрел траеше повеќе од три и пол часа.

    Израелската армија прогласи воена готовност и започна операција „Железни мечеви“ врз Појасот Газа.

    Израелските противпожарни и спасувачки служби прогласија највисоко ниво на тревога.

    Воениот командант на Хамас, Мухамед Ал-Деиф изјави дека цел на нападот биле непријателски позиции, аеродроми и воени позиции, тој тврди дека се истрелани 5.000 ракети.

    Додека портпаролот на израелската армија изјави дека врз Израел се истрелани 2.500 ракети

    Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Хамас со нападот врз Израел направил „сериозна грешка“.

    – Хамас направи сериозна грешка утрово и започна војна против државата Израел. Војниците на Израелските одбранбени сили(ИДФ) се борат против непријателот. Израел ќе победи во оваа војн -, посочи Галант.

    Во меѓувреме, во џамиите во палестинскиот бегалски камп Шуфат во Ерусалим од минарињата се слушаат повици до жителите да се приклучат на нападот на Хамас, јавуваат израелските медиуми.

    Телевизиските канали блиски до Хамас објавија снимки од повиците и прославите во Наблус на окупираниот Западен Брег.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img