Нетанјаху отворено се закани: „Секој член на Хамас е мртов човек“

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu gives a press conference in Jerusalem on August 13, 2020. - Israel and the UAE agreed to normalise relations in a landmark US-brokered deal, only the third such accord the Jewish state has struck with an Arab nation. The agreement, first announced by US President Donald Trump on Twitter, will see Israel halt its plan to annex large parts of the occupied West Bank, according to the UAE. (Photo by Abir SULTAN / POOL / AFP)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој член на Хамас е „мртов човек“ по првиот состанок на владата на национално единство формирана во средата, јавува Би-Би-Си.Премиерот Нетанјаху се согласи да формира влада за време на војната со поранешниот министер за одбрана и лидер на центристичката опозиција Бени Ганц.

Тие се согласија да ги остават настрана разликите и политичкото ривалство.

Бени Ганц рече дека сега е „време за војна“ и им порача на израелските граѓани дека новоформираната влада е „обединета“ и подготвена да го „збрише“ Хамас од лицето на земјата.

Лидерот на главната опозиција Јаир Лапид сè уште не се приклучил на воениот кабинет, но Нетанјаху и Ганц во заедничката изјава рекоа дека за него е резервирано место.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата изјави дека разговарал со Нетанјаху и дека јасно му рекол дека Израел мора да дејствува според „правилата на војната“.

Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел кои почнаа во саботата достигна 1.200, а во најновиот извештај во четвртокот вечерта, Министерството за здравство во Газа зборува за исто толку загинати Палестинци во израелската реакција.

Бајден рече дека го разбира гневот и фрустрацијата на народот во Израел, но побара од таа земја да се придржува до Женевската конвенција.

Тој го предупреди Иран – кој го поздрави нападот на Хамас – да биде „внимателен“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен е на пат за Израел и ќе пристигне во четврток за да покаже „силна поддршка“ за Израел.

- Advertisement -
Ad image

Една од темите на неговата агенда ќе бидат американските заложници: официјални лица велат дека нивниот број е „многу мал“ – и тие сè уште не донеле одлука како да се обидат да ги вратат назад.

Хамас, наводно, држи до 150 луѓе како заложници, вклучувајќи деца и постари лица.

Во средата, израелската војска објави дека илјадници војници се подготвени долж границата со Газа во случај да започне копнена инвазија.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на израелската армија изјави дека силите, вклучително и 300.000 резервисти, се подготвуваат за мисија во близина на границата, така што „на крајот на оваа војна Хамас нема да има никакви воени капацитети“.

Заедно со борбата против Хамас, Израел размени оган и со Хезболах во Либан.

На почетокот на оваа недела, Израел објави целосна блокада на Газа, вклучувајќи вода, струја и храна.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) побара во средата 104 милиони американски долари итна помош за Газа.

Би-Би-Си пишува дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа е очајна.

Share This Article